• Одлично е искуството да се работи со THRIVITY. Го препорачувам користењето на овој софтвер, бидејќи добивате веќе селектирани кандидати за позицијата на која ви се потребни. THRIVITY, заедно со тимот кој работи, нудат одлична поддршка за вашите потреби, а токму затоа се наш прв избор!

    Душан ПопевскиПопе Компани / Ко-сопственик
  • Доколку вашата цел е да прераснете во компанија која ја живее сопствената развојна визија, во која луѓето се компетентни и високо ангажирани во остварувањето на истата, АПОД е вашата вистинска дестинација. Ги охрабрувам луѓето кои бараат работа да направат свој профил на THRIVITY со цел да бидат поврзани со вистинското работното место.

    Горан ЗдравевскиСАМАНТА / Ко-сопственик
  • Во соработката со АПОД и THRIVITY, всушност соработувате со open-mind и broad-mind ориентиран тим, високо професионални, искусни и исполнителни, со прогресивен и иновативен пристап, притоа едукативни и практични. Топло ги препорачувам на секоја компанија која има потреба од професионален кадар, како и советодавна/консултантска услуга.

    Оливер ЈовановскиЛИКОМ / Сопственик
  • Тимот на THRIVITY со својот Кариерен центар, се исклучително професионални и целосно посветени на соработниците. Со меморандумот за соработка започнавме проект за кариерен развој на студентите, каде THRIVITY покажува особен капацитет да ги исполни сите предлози, прифаќајќи ги предизвиците поврзани со комплексноста на активностите.

    Проф. д-р Христина СпасевскаУниверзитет „Свети Кирил и Методиј” во Скопје / проректор за настава на УКИМ
  • Соработката со Тривити доведе до успешни промени во повеќе сегменти: креирање на култура на мотивирани и посветени вработени, оптимизација на флуктуацијата на вработени, развој на постоечки и привлекување на нови талентирани кадри, подобрување на продуктивноста во организацијата, како и создавање јасна стратегија за развој на бизнисот.

    Радмила ХанџискаМедикус Хелп / Ко-сопственик
  • Со помош на THRIVITY успеавме да најдеме вработен со потребните квалификации за краток временски период. Презадоволни сме и би сакале да продолжиме да соработуваме. На барателитете на работа и на компаниите кои бараат вработени им препорачуваме да се регистрираат, да ја користат платформата и да ги прошируваат своите деловни контакти.

    Игор МилческиГолдирен / Ко-сопственик
  • Знаењето и искуството кое тимот на THRIVITY го поседува, донесе нов пристап во процесот на регрутирање, нови вредности и нови стандарди во развојот на HR секторот. Во денешно време, кога нема простор за грешки, THRIVITY е вистинскиот партнер за избор и развој на највредниот капитал во компаниите – луѓето.

    Верица МартиновскаКликер Маркетинг / InStore / Сопственик
  • За разлика од повеќето агенции/платформи, процесот на барање на кандидати за работа во THRIVITY е многу јасен, флексибилен и ја имате контролата при селекцијата. Опциите за филтрирање и допрецизирање во голем дел ја олеснуваат работата и насочуваат кон вистинските кандидати. Одлично беше што во базата веќе имаше потенцијални кандидати.

    Дарко ВелескиЛеад-Профили, Ко-сопственик
  • THRIVITY има пристап до активните баратели на работа и врши едукација на истите со цел да создаде можност за секој кандидат да дојде до соодветната работа според искуството и нивото на компетенции кои ги поседува. Ова е од особена важност за работодавачите бидејќи имаат пристап до сите релевантни кандидати за одредена работна позиција.

    Марија КовачиSara Fashion, Менаџер за човечки ресурси
  • Користењето на софтверот за вработување, THRIVITY претставува одличен начин за поврзување на барателите на работа и работодавачите. Помага при подобрување и зајакнување на нивната меѓусебна комуникација. Благодарение на THRIVITY дојдовме до лице за вработување кое одговара на структурата и потребата на работната позиција која ја баравме

    Марија Сребренова ТрендоваИнвенсис ДООЕЛ
  • THRIVITY е револуционерен софтвер бидејќи поврзувањето на компаниите со потенцијалните вработени е сосема поинакво од досегашната пракса. Алгоритмот ги поврзува кандидатите со потенцијалното работно место според нивните наведени квалификации и желби, со што се намалува бројот на несоодветни кандидати и се скратува времето на селекција.

    Искра ТрајковскаПнеуматик / ТДА Трејд
  • Со THRIVITY се запознав уште на самиот почеток и искрено многу ми се допадна идејата за изработка и лансирање на ваков тип на платформа. Последниве години се соочуваме со голем проблем, а тоа е недостаток и стручност на работна сила. Наша препорака до кандидатите е да го користат THRIVITY за меѓусебно да си помагаме и да се пронајдеме.

    Виктор ИлиевскиДигитал Центар, ко-сопственик
  • THRIVITY е сосема пристапна и лесно управувачка алатка за сите работадавачи. THRIVITY треба да го користат сите лица кои се активни баратели на работа во Македонија, бидејќи само на овој начин можат да дадат дополнителен придонес во создавањето на поквалитетен кадар и зголемувањето на вредноста на своето знаење и вештини.

    Александар КчевАдвокатско друштво Бона Фиде, партнер

Како работи THRIVITY?

Синергија на модерната технологија и нашето знаење во областа со управување со човечки капитал.