Често поставувани прашања

Дали може да прикачам моја биографија или треба да ви ја испратам?
На THRIVITY не можете ниту да прикачите ниту да испратите ваша професионална биографија. THRIVITY е платформа која ги спојува луѓето кои бараат работа и компаниите кои вработуваат.
За да може да учествувате во процесот на спојување, креирајте Ваш личен профил на THRIVITY. Тоа всушност значи креирање на Вашата професионална биографијаа a ќе можете да ја менувате според вашите потреби и во иднина да ja превземете во PDF формат за да ја користите и надвор од платформата.

Имам проблем со логирање, не можам да се најавам.
За да се логирате на THRIVITY,  најпрво го пополнувате делот за регистрирање. Откако ќе ги внесете Вашите податоци, кликнете на полето „Креирај профил”.
Во истиот момент во горниот дел на екранот се појавува порака (во вид на pop up) која Ве информира дека ќе добиете e-mail со потврда за регистрација.
Отворете го тој е-mail и кликнете на линкот за верификација. На овој начин Вашата регистрација е успешна.
Кликнете на „Најави се” и започнете со креирање на Вашиот профил.

Ја нема мојата работна позиција, не можам да ја најдам под тоа име!
Во полето ‘Работна позиција’ од понудените 160 работни позиции Ви предлагаме да ја изберете онаа која е најблиску до Вашата. Дококлу ниту една од понудените не Ви одговара, одберете ‘Друго’ и впишете ја посакуваната работна позиција. Оваа информација ќе биде разгледана од нашиот центар за поддршка на корисници.

Не можам да ја пронајдам мојата подиндустрија!
THRIVITY покрива повеќе од 60 подиндустрии. Ви предлагаме да ја изберете онаа која е најблиску до Вашата. Дококлу ниту една од понудените не Ви одговара, одберете ‘Друго’ и впишете ја посакуваната подиндустрија. Оваа информација ќе биде разгледана од нашиот центар за поддршка на корисници.

Дали компаниите имаат увид во мојот профил?
Листата на потенцијални кандидати што ја добиваат компаниите, по објавениот оглас е комплетно анонимна. Компаниите не се во можност да ги видат личните информации на кандидатот.
Ако компанијата сака да им пристапи на некои од предложените профили, испраќа барање за контакт, по што кандидатот има опција да го прифати или одбие барањето. Кандидатот ќе биде во целост видлив за компанијата само ако тој/таа го прифатат барањето за контакт.

Дали може да ме препорача на компании за одредена работна позиција?
THRIVITY Ве спојува со огласите за работа земајќи во предвид 2 од Вашите работни позиции:

  • Последната/сегашната (во секцијата КАРИЕРА)
  • Следната посакувана (во секцијата СЛЕДНА КАРИЕРА)
За овие работни позиции (доколку се избрани од предложената листа), постојат веќе преддефинирани компетенции по кои треба да се оцените.
Останатите работни позиции кои Ви се наведени од претходното работно искуство, ќе останат дел од Вашето CV, но нема да влијаат на спојувањето и немаат преддефинирани компетенции.
Така, според критериумите наведени во Вашиот личен профил, THRIVITY Ве поврзува со соодветните огласи за работа.

Како да променам податок, направив грешка во пишувањето?
Корекции во Вашиот профил можете да направите во било кое време, преку избирање на опцијата: УРЕДИ ЛИЧЕН ПРОФИЛ, избор на соодветната секција и корекција на полето кое сакате да го измените.

Дали има ограничување за возраста, кои лица можат да направат профил на THRIVITY?
За креирање на личен профил на THRIVITY важно е лицето да има наполнето 18 години т.е. да е полнолетно.

Дали постои опција за бришење/деактивација на профилот?
Бришење на профилот е возможно со испраќање на барање до центарот за грижа за корисници (на e-mail support@thrivity.mk) и истиот ќе биде избришан од базата на THRIVITY во рок од 72 часа.

Дали може да имам профил на THRIVITY иако не барам активно работа?
Доколку не сте активен барател на работа, можете да креирате личен профил. При креирањето, на последната страница на прашањето Активно барам работа, од опцијата Да/Не, изберете Не.
На овој начин не барате активно работа, но можете да ја искористите платформата за креирање на професионално CV и за да бидете во тек со едукативните содржини кои ќе бидат објавени.

Дали креирање на личен профил се наплаќа?
Креирање на личен профил на THRIVITY е целосно бесплатно.

Сакам да ја променам работата, но притоа да не ги повредам чувствата на мојот сегашен работодавач.
Вашиот идентитет на THRIVITY е скриен и се прикажува исклучиво во ситуации кога ќе одлучите да прифатите барање за контакт од компанијата која Ви го испратила. Тоа значи дека активно сте присутни на пазарот на трудот, но само Вие одлучувате кој и кога може да ја дознае таа информација.