THRIVITY Кариерниот центар е основан со цел да понуди поддршка и едукација во процесот на пронаоѓање работа, промена на работното место и развојот нa кариера. Во склоп на Кариерниот центар редовно се одржуваат обуки кои се состојат од интерактивни предавања за самозапознавање, правење план за вработување и вмрежување.

    Идејата на кариерниот центар е да им овозможи на посетителите да се стекнат со способности и знаења кои потоа ќе им помогнат во потрагата на ново работно место, но и во извршување на задачите откако ќе бидат вработени.

    Обуките ги држат претставници од тимот на THRIVITY но и гости експерти кои ги пренесуваат своите знаења ексклузивно за пријавените учесници. Пријавувањето за секоја нова обука се врши исклучиво на веб сајтот.