Друштвото за услуги АПОД ДООЕЛ Гевгелија, со седиште на ул. Маршал Тито Г.Т.Ц. бр.23, 1480 Гевгелија, со ЕМБС 7241720 (во понатамошниот текст “АПОД”), Ви овозможува користење на услугите и содржините на Платформата www.thrivity.mk на начин утврден со овие Правила и услови за користење.

Дефиниции

Одделни изрази употребени во Правилата и условите за користење го имаат следново значење:

• “Платформа” – THRIVITY претставува ИКТ алатка, апликативен софтвер, каде, луѓето креираат Лични профили од една страна и компаниите креираат Компаниски профили од друга страна, по строго дефинирани критериуми, кои алгоритамот на платформата ги препознава и соодветно ги спојува.

• “Правила и Услови за користење” е терминот за овие Правила и услови за користење како и нивните последователни измени и дополнувања кои се обврзувачки за сите Корисниците кои ја користат Платформата;

• “Корисник” е секое физичко или правно лице, кое е регистрирано на Платформата и ги користи нејзините услуги и содржини, а ги опфаќа Компаниите и Поединците.

• “Компанија” е правно лице кое регистрирано на Платформата, со цел на користење на содржините на Платформата, истражување на пазарот на труд и објавување оглас/и за пронаоѓање на потенцијални кандидати за вработување / ангажирање / практикантство / стручно оспособување.

• “Личен профил” е профил на Корисник кој е физичко лице, креиран со цел на користење на содржините на Платформата како и барање работа/ангажман/ практикантство/стручно оспособување.

• “Оглас”- е содржина составена и објавена на Платформата од страна на Компаниите за целите на вработување/ангажирање/практикантство/стручно оспособување. Објавување на еден (1) оглас се однесува исклучиво за една (1) работна позиција, од една индустрија, во еден (1) град.

• “Активен профил” е личен профил на Корисник кој целосно или делумно ги пополнил податоците во Платформата, кој бара работа/ангажман/практикантство/стручно оспособување, а за таа цел ја избрал соодветната опција и Платформата го препознава во процесот на поврзување (matching) со Компаниите.

• “Пасивен профил” е личен профил на Корисник кој целосно или делумно ги пополнил податоците во Платформата, но активно не бара работа/ангажман практикантство / стручно оспособување, за таа цел ја избрал соодветната опција и Платформата не го препознава во процесот на поврзување (matching) со Компаниите.

Користење на Платформата

Регистрацијата и користењето на Платформата од страна на Корисниците е бесплатно. Услугата за автоматизирана селекција и огласување од страна на Компаниите се пресметува и наплатува согласно важечки Ценовник објавен на Платформата.

Услугата за пребарување на работни позиции (job search) е достапна само за Компаниите и овозможува пребарување врз основа на критериумите зададени во огласот. Резултатите од пребарувањето се прикажани како статистички податоци, без идентификување на Корисниците и без можност Компанијата да контактира со потенцијалните кандидати. Условите за користење на услугата за пребарување на работни позиции (job search) се наведени во Ценовникот.

Профилот на Компаниите е целосно видлив за сите регистрирани Корисници на Платформата и за посетителите на Платформата кои не се регистрирани. Профилот на Компанијата е делумно видлив со следните податоци: име на Компанија, лого, адреса, држава, контакт, индустрија, единствено доколку Компанијата ја избере соодветната опција.

Огласот на Компаниите се објавува во рамки на Платформата, односно ќе биде видлив и достапен за сите посетители на Платформата, како и јавно споделен на социјалните медиуми што ги користи Платформата за промоција.

Личниот профил на Корисникот, вклучувајќи ги сите податоци кои Корисникот ги навел во Платформата, се видливи единствено за Корисникот на тој Личен профил, но доколку Корисникот ја избере опцијата активен профил, Платформата ќе го вклучи во процесот на поврзување (matching) со Компаниите.

Платформата овозможува техничка поддршка на Корисниците преку автоматизиран процес на поврзување (matching) на начин што ги обработува критериумите за филтрирање и поврзување (Filtering & Matching Criteria) и обезбедува анонимна листа на потенцијални кандидат/и со процент на поврзување (matching) за соодветната позиција, од регистрираните Корисници на Платформата со активни лични профили, до Компанијата која објавила оглас.

Компанијата самостојно и дискреционо одлучува кои од предложените кандидати од анонимната листа ќе ги покани да аплицираат и ќе им испрати покана која автоматски ќе генерира SMS и/или e-mail преку Платформата, зависно од изборот за контактирање на Корисникот. Пораката ќе го информира Корисникот за Компанијата и објавениот оглас и ќе го извести дека може да аплицира на отворената работна позиција на огласот на Компанијата со клик на линкот за аплицирање.

Доколку Корисникот, ја прифати поканата од Компанијата за аплицирање за определена позиција, преку кликање на линкот за апликација, Личниот профил на Корисникот со сите лични податоци ќе биде видлив за Компанијата која ја испратила поканата и ќе се смета дека Корисникот се пријавил на огласот за определена работна позиција.

АПОД не гарантира дека Корисникот на Личниот профил ќе ја прифати поканата за аплицирање на оглас од страна на Компанијата. Корисникот на Личниот профил има целосно право и дискреција да прифати или да одбие покана за аплицирање на оглас.

Доколку Корисникот на Личниот профил во рок од 72 часа не ја прифати поканата за аплицирање на оглас за определена работна позиција, ќе се смета дека поканата е одбиена и Корисникот нема да може да аплицира за конкретниот оглас на тој начин. Се додека поканата за аплицирање на оглас не е прифатена од Корисникот, Компанијата која го поканила нема да може да го види Личниот профил на тој Корисник.

Компанијата ќе може да го види единствено профилот / профилите на Корисникот / Корисниците кои ја прифатиле поканата за аплицирање преку кликање на соодветниот линк во испратената порака. Прифаќањето на поканата за аплицирање од страна на Корисникот/Корисниците, не е гаранција, ниту пак обврска за Компанијата за понатамошен контакт, вклучување во процесот на селекција и избор на Корисникот/Корисниците за објавената работна позиција.

Компаниите се должни соодветно да ги почитуваат одредбите на Законот за работните односи и/или други применливи прописи во зависност од целта односно позицијата при составувањето и објавувањето на огласи за позиции, при процесот на селекција и избор на кандидат/и, како и при склучување на договор за вработување, ангажман, практикантство, стручно оспособување и слично и реализирање на законските и договорните права и обврски од договорниот однос.

Се забранува користење на Платформата за било кои други цели, освен за оние за кои е предвидена и наменета.

Заштита на личните податоци

Со регистрација на Платформата, Корисниците даваат согласност на АПОД за обработка на нивните лични податоци за цели на користење на Платформата и за промоција на услуги и активности на Платформата.

Кога Компанијата, за потреби за истражување на пазарот на труд, за вработување/ ангажман/практикантство/стручно оспособување, составува и објавува оглас според предефинирани критериуми, Платформата ги обработува критериумите за филтрирање и поврзување (Filtering & Matching Criteria) и генерира листа на потенцијални кандидати со процент на поврзување (matching). Листата на Корисници (активни Лични профили) која ја добива Компанијата е шифрирана и содржи некои филтрирачки податоци врз основа на кои Компанијата не може да го идентификува Корисникот. Доколку Компанијата сака да стапи во контакт со некој од Корисниците на Личните профили од листата тогаш испраќа покана за аплицирање на оглас, генерирана преку Платформата како SMS и/или e-mail , која Корисникот може да ја прифати или одбие. Имено, доколку Корисникот на Личниот профил во рок од 72 часа не ја прифати поканата за аплицирање на оглас за определена работна позиција, ќе се смета дека поканата е одбиена. Со пристигнување на поканата за аплицирање, Корисникот на Личниот профил има можност за детален увид во огласот на Компанијата која ја испратила поканата.

Со прифаќањето на поканата за аплицирање на оглас за одредена работна позиција односно преку кликање на соодветниот линк за апликација во испратената порака, Корисникот на Личниот профил дава согласност за обработка на личните податоци од страна на Компанијата и единствено во тој случај Личниот профил со внесените податоци е видлив за Компанијата.

Сите Компании се должни да ги почитуваат начелата за зaштита на личните податоци и да преземаат соодветни технички и организациски мерки за да обезбедат тајност и заштита на обработката на личните податоци на Корисниците до кои имале пристап преку прифаќање на покана за аплицирање, при процес на селекција, комуникација со кандидат/и или на било каков друг начин. АПОД не е одговорен за неовластено откривање или било какви незаконски облици на обработка на личните податоци на Корисниците (лични профили) од страна на Компанијата и ќе биде изземен од одговорност за надомест на било каква материјална и/или нематеријална штета што би можела директно или индиректно да биде предизвикана.

Интелектуална сопственост

Знаците, логоата и слоганите, содржините, цртежите кои се објавени и ги користи Платформата, интерфејсот (изгледот) и дизајнот на Платформата, изворниот код за софтверската апликација, АПОД алгоритамот, како и базите на податоци кои произлегуваат од функционирањето на Платформата претставуваат интелектуална сопственост на АПОД согласно Законот за авторското право и сродните права и Законот за индустриска сопственост.

Авторското право и сродните права, како и правата на индустриска сопственост уживаат кривична, граѓанска и прекршочна заштита.

Строго се забранува секој вид на неовластено преземање, користење, копирање, модификување, продажба, дистрибуирање или друга злоупотреба на интелектуалната сопственост на АПОД. Во случај на било каков вид на злоупотреба АПОД ќе биде овластен да ги преземе сите мерки и дејствија во согласност со законот.

Се забранува неовластено преземање, користење, копирање, модификување, продажба, дистрибуирање или злоупотреба на интелектуалната сопственост на трети лица или на Корисниците која е објавена на Платформата и/или е наведена во Профилите и огласите.

АПОД нема да биде одговорен во случај на повреда на права на интелектуална сопственост на Корисниците или трети лица кои директно или индиректно настанале преку Користење на Платформата.

Веродостојност на податоците, несоодветна содржина и одговорност за штета

Внесувањето и користење на веродостојни и соодветни податоци при креирање и пополнување на Профилите, како и при составување и објавување на огласите, е должност и целосна одговорност на Корисниците.

Ги поттикнуваме нашите Корисници редовно да ги дополнуваат, менуваат односно соодветно да ги ажурираат своите податоци на Платформата.

АПОД го задржува правото, по соодветна пријава, да блокира и отстрани односно избрише лажен кориснички Профил или Профил преку кој се врши злоупотреба, без претходна најава и образложение.

АПОД го задржува правото, по соодветна пријава, да отстрани односно избрише објавен оглас на Корисникот со невистинита, несоодветна, неморална или навредлива содржина, без претходна најава и образложение.

Платформата односно АПОД, не е одговорен за содржината, вистинитоста и точноста на податоците внесени во Профилите од страна на Корисниците или наведени во објавените огласи. Платформата односно АПОД ќе биде изземен од одговорност за надомест на било каква материјална и/или нематеријална штета што би можела директно или индиректно да биде предизвикана поради употреба на неверодостојни податоци или злоупотреба на податоците и/или огласите од страна на Корисниците.

Промени, прифаќање на Правилата и условите, применливо право и судска надлежност

АПОД го задржува правото на промена на овие Правила и услови за користење, како и отстранување (привремено или трајно), дополнување или модификување на услугите или било која содржина на Платформата без обврска за претходна најава. АПОД го задржува правото, привремено или трајно, да го прекине функционирањето на Платформа, во било кое време и без претходна најава. АПОД не е одговорен за евентуална штета која би можела да настане во овие случаи.

Со регистрација на Платформата, Вие изјавувате дека сте се запознале и во потполност сте ги разбрале и прифатиле овие Правила и услови за користење. Со користењето на содржините и услугите на Платформата се смета дека Корисниците во секој момент се запознаени со овие Правила и услови за користење и дека во целост ги разбираат и прифаќаат. Овие Правила и услови за користење како и сите нивни последователни измени и дополнувања се обврзувачки за сите Корисниците кои ја користат Платформата.

При промена на Правилата и условите за користење ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Повремено посетувајте ги Правилата и условите за користење за да бидете запознаени со евентуалните промени.

Доколку не се согласувате со овие Правилата и условите за користење и/или со Политиката за приватност, би Ве замолиле да не пристапувате и/или користите нашата Платформа.

За сите прашања помеѓу АПОД и Корисниците покрај одредбите на овие Правила и услови за користење и Политиката за приватност се применуваат и позитивно правните прописи на Република Северна Македонија.

Во случај на потенцијални спорови помеѓу АПОД и Корисниците, кои можат да произлезат од користењето на Платформата, а кои не е возможно да бидат решени спогодбено, месно надлежен ќе биде стварно надлежниот суд во Скопје.

Контакт: support@thrivity.mk
Друштвото за услуги АПОД ДООЕЛ Гевгелија
ул. Маршал Тито Г.Т.Ц. бр.23 1480 Гевгелија

Објавено на: 07.05.2021